0_Спорт.ПорталРезултатиСпорт.СлајдерТенис

Зверев го победи Хачанов во мечот за златото на тенискиот олимписки турнир

Германскиот тенисер Александар Зверев го победи Русинот Карен Хачанов во финалето во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио.

Токио, 1 август 2021 (МИА) – Германскиот тенисер Александар Зверев го победи Русинот Карен Хачанов во финалето во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио.

Средбата траеше еден час и дваесет минути.

Зверев победи со 2:0, по сетови 6:3 и 6:1.

За потсетување, во мечот за бронзата Шпанецот Пабло Карено-Буста го победи Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 6:4, 6:7 (6:8) и 6:3. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close