0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Зорица Нушева ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Петрунија на Фестивал де Севиља

Делчевката Зорица Нушева доби уште едно големо призание за својата глума во филмот „Господ постои името ѝ е Петрунија”. Овој пат наградата пристигна од Фестивал де Севиља, на кој Нушева се закити со статуетка за најдобра актерка од страна на организаторот на фестивалот.

Делчево, 27 март 2020 (МИА) – Делчевката Зорица Нушева доби уште едно големо призание за својата глума во филмот „Господ постои името ѝ е Петрунија”. Овој пат наградата пристигна од Фестивал де Севиља, на кој Нушева се закити со статуетка за најдобра актерка од страна на организаторот на фестивалот.
– Ви благодарам од дното на својата душа, благодарам за оваа чест, навистина неверојатно, наградата навистина многу ми значи. Се надевам дека сите во ова време на криза сте безбедни. Да бидеме паметни, останете дома, бидете безбедни, истакна Нушева по повод добивањето на наградата.
Филмот „Господ постои името ѝ е Петрунија” се прослави на Берлинале и оттогаш до денес учествуваше на многу фестивали со освоени голем број награди. Моментално поради коронавирусот е откажана дистрибуцијата на филмот во Јапонија, која е одложена за април, кога се очекува и неговата тамошна премиера. вс/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close