0_Македонија.ПорталОпштествоСкопје

Зоолошката градина од утре повторно отворена за посетители

Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. 

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје.
Зоолошка градина Скопје ќе биде отворена од утре од 9:00 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките.
Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на
дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.
Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.
Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките. ев/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close