0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.Slajder

ЗНМ со апел до учесниците во изборите: Новинарите мораат да работат во безбедни услови

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до сите политички актери кои учествуваат на предвремените парламентарни избори, како и до Државната изборна комисија, но и граѓанските организации кои имаат улога на набљудувачи да ги организираат јавните настани и активности со доследно почитување на сите здравствени протоколи.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до сите политички актери кои учествуваат во предвремените парламентарни избори, како и до Државната изборна комисија, но и граѓанските организации кои имаат улога на набљудувачи да ги организираат јавните настани и активности со доследно почитување на сите здравствени протоколи.

– Новинарите и медиумските работници имаат исклучително важна улога за информирање на граѓаните за предизборните активности и програми на политичките партии. Преку професионалното информирање новинарите и медиумите им помагаат на гласачите да се определат за кого ќе го дадат својот глас, а ова особено ќе биде изразено на овие избори земајќи ја предвид здравствената криза и фактот дека партиските кампањи и активности ќе се организираат пред сè во медиумите и на социјалните мрежи, се вели во соопштението на ЗНМ.

Бара од учесниците во изборниот процес, кои ќе организираат прес-конференции, изјави за медиумите и други настани за информирање на новинарите, да ги почитуваат здравствените протоколи при спроведување на овие активности. Тоа подразбира дека ќе треба организаторот да ги организира настаните за новинарите пред сè на отворен простор доколку тоа го овозможуваат временските услови или да обезбеди просторија во која ќе се гарантира соодветната дистанца помеѓу сите учесници.

– Истовремено, со цел дополнително да се заштитат новинарите и медиумските работници, организаторите на овие настани потребно е да обезбедат и заштита опрема (маски, ракавици и средства за дезинфекција) за сите присутни. Ова е особено важно во услови кога здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 во нашата земја е влошена и се бележи зголемен број новозаразени и починати граѓани во последните недели, нагласува ЗНМ.

Апелира до сопствениците и менаџерите на медиумите дека и тие имаат обврска да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници во работните простории, но и на терен. ЗНМ неодамна објави публикација со насоки за безбедно и професионално известување во услови на пандемија и истата може да се преземе на следниот линк.

– За крај, ги потсетуваме и нашите колеги дека имаат обврска професионално да известуваат за целиот изборен процес притоа почитувајќи го Етичкиот кодекс на новинарите. Повеќе информации околу етичките и законските правила за известување за изборите се достапни на новиот Прирачник за етичко известување од избориац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close