0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

ЗНМ ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Мери Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека „ќе ја искреира на некролог“.

Скопје, 11 јануари 2020 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека „ќе ја искреира на некролог“.

-Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот. Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, оттаму ги повикуваме институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Здружението на новинарите на Македонија неодамна предупреди дека во пресрет на изборите заканите кон новинарите и медиумските работници има тенденција да зачестуваат. Оттаму потсетуваат дека заканите кон новинарите и медиумските работници претставуваат кривично дело и обид за цензура во медиумите.

Од ЗНМ апелираат до политичките партии најостро да ги осудат заканите, во пресрет на изборите да демонстрираат коректен јавен однос кон новинарите и да укажат на своите членови дека нападите и заканите кон новинарите претставуваат кривични дела и за истите се одговара. дма/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close