Дописници МКДОпштински вести

Златни медали за македонски мед на натпревар во Тузла

Златни медали освоија неколку мостри на македонски мед на наторевар во Тузла, Босна и Херцеговина, информираше попладнево кавадарчанецот Игор Најдов. Тој соопшти дека две мостри од неговиот мед „медликовец“ од пчелите кои ги одгледува во кавадаречкото село Конопиште, добиле високи оценки за квалитет.

Кавадарци, 14 септември 2021 (МИА) – Златни медали освоија неколку мостри на македонски мед на наторевар во Тузла, Босна и Херцеговина, информираше попладнево кавадарчанецот Игор Најдов. Тој соопшти дека две мостри од неговиот мед „медликовец“ од пчелите кои ги одгледува во кавадаречкото село Конопиште, добиле високи оценки за квалитет.

-Според мене, станува збор за еден од најдобрите натпревари за квалитет на мед. Имаше пријавени околу 450 примероци на мед од целиот свет. Ние неколку македонски пчелари, се најдовме меѓу најдобрите на табелата за освоени награди, појасни Најдов кој е дипломиран инжинер по фармерско производство.

Упатувајќи честитки до македонските пчелари, тој посака уште многу квалитетен мед и уште многу награди за македонскиот мед. свд/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close