0_Спорт.ПорталФудбал

Зико: Нејмар треба да биде попрофесионален како Меси и Роналдо

Поранешниот бразилски репрезентативец Зико смета дека на сегашниот капитен на националниот тим, Нејмар му недостасува професионализам.

Рио де Жанеиро, 5 април 2020 (МИА) – Поранешниот бразилски репрезентативец Зико смета дека на сегашниот капитен на националниот тим, Нејмар му недостасува професионализам.

Според Зико, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, треба да земе пример од Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

-Навистина ми се допаѓа Нејмар. Неговиот стил на игра е неверојатен. Но, тој треба да биде попрофесионален, како Меси и Роналдо, кои живеат за фудбалот, порача Зико. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close