0_Спорт.ПорталФудбал

Зиех најдобар играч на сезоната во Ајакс трета година по ред

Играчот од средниот ред на Ајакс, Хаким Зиех е прогласен за најдобар играч во клубот во сезоната 2019/20. Холандското првенство беше прекинато поради пандемијата на коронавирус.

Амстердам, 15 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Ајакс, Хаким Зиех е прогласен за најдобар играч во клубот во сезоната 2019/20. Холандското првенство беше прекинато поради пандемијата на коронавирус.

Зиех во шампионат 2019/20 постигна шест гола на 21 натпревар.

Наградата се доделува од 1993 година. Дваесет и седумгодишниот Мароканец е првиот фудбалер на клубот од Амстердам кој досега ја освоил наградата трипати по ред.

Две последователни години, наградата им беше доделена на Луис Суарез (2009 и 2010) и Јаспер Силесен (2015 и 2016 година). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close