0_Спорт.ПорталФудбал

Зидан: Поради заморот тешко е да се ужива и во победата

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е загрижен за зголемениот број натпревари што би ги донело новото натпреварување – европската Суперлига.

Мадрид, 31 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е загрижен за зголемениот број натпревари што би ги донело новото натпреварување – европската Суперлига.

– Слушнав што рекоа за овој турнир, но имам доволно грижи, особено со толку многу натпревари без одмор оваа сезона. Сега е невозможно дури и да уживате во победата, треба веднаш да размислите за следниот натпревар. За мене и играчите, секој натпревар е како последниот, секогаш мора да размислуваме на тој начин. Треба да се забавуваме, како што го прават тоа во другите спортови. Многу е напорно, а кога ќе дојде време ќе размислуваме за новиот турнир, изјави Зидан.

Претходно беше објавено дека повеќе од 10 клубови од најдобрите пет европски шампионати, водат преговори за создавање на европска Премиер лига.

Организаторите сакаат да го започнат турнирот во 2022 година со поддршка на ФИФА, се очекува на него да учествуваат 16-18 екипи, а банката „JP Morgan“ е подготвена да инвестира околу шест милијарди долари во лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close