0_Спорт.ПорталФудбал

Зидан одби да стане тренер на Јувентус

Јувентус се обидува да го донесе на тренерската позиција предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Французинот е најпосакуваната опција меѓу газдите на „старата дама“, објави „Sport Mediaset“.

Торино, 8 август 2020 (МИА) – Јувентус се обидува да го донесе на тренерската позиција предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Французинот е најпосакуваната опција меѓу газдите на „старата дама“, објави „Sport Mediaset“.

Пред неколку дена Јувентус веќе му предложи на Зидан, но доби љубезно „Не“. Сепак, испаѓањето на Реал од Лигата на шампионите, раководството на „бјанконерите“ ќе направаи уште еден обид да го убеди Французинот.

Веројатноста Антонио Конте или Масимилијано Алегри да се вратат во Јувентус се оценува како мала.

Маурицио Сари е разрешен од функцијата главен тренер на Јуве. Тој го предводеше клубот пред почетокот на сезоната 2019/20. Под негово водство екипата стана шампион на Италија, но не успеа да ги освои Купот и Суперкупот на земјата, а вчера беше елиминиран од Лион во осминафиналето на Лигата на шампионите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close