0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Зидан: Нема 20 години да бидам тренер

Утре Реал Мадрид ќе гостува кај последниот Еспањол, кој денес го отпушти својот тренер.

Мадрид, 27 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не смета дека ќе биде меѓу доајените на тренерството со децении во професијата зад него.

– Нема да бидам тренер 20 години, ќе се пензионирам пред тоа. Отсекогаш сакав да бидам фудбалер, јас бев таков скоро 18 години. Реков дека нема да бидам тренер, но тука сум. Ова е многу заморно. Ќе видиме колку долго ќе бидам тренер, но сигурно нема да поминат 20 години, рече тој на денешната прес-конференција.

Утре Реал Мадрид ќе гостува кај последниот Еспањол, кој денес го отпушти својот тренер.

– Утре Еспањол ќе ни отежни, им требаат поени. Мора да победиме без оглед на тоа што ќе направи Барселона денес. Не чека уште едно финале, во кое мора да се концентрираме, сподели тренерот на „белите“.

На прашањето за предностите на Виничиус Жуниор, Зизу одговори: „Фудбалерите знаат каде се, сите работат напорно и ги имаат своите предности и слаби страни. Таков е животот. Ние сме во добар момент, како и Вини“.

Таг
Back to top button
Close
Close