0_Спорт.ПорталФудбал

Зидан: Не треба да бараме решение за Бејл, затоа што нема проблем

Во врска со критиките за настапот на Марсело, Зизу вели дека е разочаран од она што се зборува, затоа што тој го остава своето срце на теренот.

Мадрид, 8 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека Герет Бејл е важен за тимот, иако тој ретко излегува на теренот.

– Не мора да бараме решение за Бејл, затоа што нема проблем. Бејл е тука и ние сме задоволни од тоа. Ќе сметаме на него. Тој има договор и сака да остане. Да, тој беше отсутен во последните дуели, но ние ќе сметаме на него. Знаеме со што може да придонесе, рече менторот на „белите“ пред утрешниот натпревар со Осасуна.

Во врска со критиките за настапот на Марсело, Зизу вели дека е разочаран од она што се зборува, затоа што тој го остава своето срце на теренот.

– Јавноста го гледа ова. Имавме низа од 21 натпревар без пораз и сакаме повторно да се вратиме на таа патека. Многу е тешко да се биде на ниво во 60 или 70 натпревари. Сезоната е долга и треба да продолжиме да се бориме, смета Французинот.

Таг
Back to top button
Close
Close