0_Спорт.ПорталФудбал

Зидан мора да ја освои Лигата на шампионите за да избегне отказ од Реал

Иднината на тренерот Зинедин Зидан во Реал Мадрид зависи од неговиот успех во Лигата на шампионите, пренесува „Ас“.

Мадрид, 2 февруари 2021 (МИА) – Иднината на тренерот Зинедин Зидан во Реал Мадрид зависи од неговиот успех во Лигата на шампионите, пренесува „Ас“.

Откако испаднаа од Купот на Шпанија и Суперкупот, и со 10 поени разлика од Атлетико во Примера „кралевите“ имаат реална шанса за трофеј само во Лигата на шампионите.

За да избегне отказ, францускиот специјалист треба да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

Во осминафиналето, Реал Мадрид ќе игра со Аталанта. Натпреварите ќе се играат на 24 февруари и 10 март. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close