0_Спорт.ПорталФудбал

Зидан инсистира на трансфер на Погба во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан инсистира на трансфер на играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, пренесува „Sport.es“.

Мадрид, 13 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан инсистира на трансфер на играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, пренесува „Sport.es“.

Францускиот специјалист побара да го купи играчот уште во летниот преоден рок, но тогаш претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез ја одби зделката, што предизвика незадоволство на тренерот.

Во сезоната 2020/21, Погба одигра 27 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна четири гола и три асистенции.

Договорот на 27-годишниот Французин со „црвените ѓаволи“ важи до крајот на јуни 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close