0_Спорт.ПорталФудбал

Зидан има за цел да го освои Кралскиот Куп со Реал

Во однос на засилувањата, тој рече дека до 31 јануари може се да се случи со било кој клуб.

Мадрид, 28 јануари 2020 (МИА) – Реал Мадрид продолжува да се бори за три трофеи – во Ла Лига, Лигата на шампионите и Кралскиот Куп, откако Зинедин Зидан настојувајќи да напише историја во последниот турнир. Токму овој трофеј недостасува од богатата колекција на францускиот ментор.

– Ние сакаме да напишеме историја во Купот. Мислам дека не страдаме од недостиг на мотивација. Тимот го освоил овој турнир 13 пати и тоа е добро. Ние го почитуваме секој турнир во кој се натпреваруваме и мотивацијата е голема, рече Зидан пред средбата со Сарагоса.

Во однос на засилувањата, тој рече дека до 31 јануари може се да се случи со било кој клуб.

– Јас имам свој тим и секогаш сум велел дека тој е најдобар. Јас работам со нив и не мислам што може да се случи на кое било друго место, рече Зизу.

Таг
Back to top button
Close
Close