0_Спорт.ПорталФудбал

Зидан: Без еуфорија, сезоната е долга и тешка

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан побара од своите играчи да останат смирени и да не ги зафаќа еуфорија, по преземањето на врвот на табелата во Ла Лига.

Мадрид, 27 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан побара од своите играчи да останат смирени и да не ги зафаќа еуфорија, по преземањето на врвот на табелата во Ла Лига.

  • Моменталниот пласман на табелата во Ла Лига не менува ништо. Сезоната е долга и тешка. Ние мора да продолжиме да го правиме она што го правиме добро. Не смееме тука да застанеме. Пред нас се уште многу предизвици, изјави Зидан.

Реал Мадрид од синоќа е прв во поредокот во Шпанското фудбалско првенство, за прв пат по 100 дена.

По 21. коло мадридскиот клуб има 46 бода, три повеќе од второпласираниот Барселона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close