0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Зибери: Државата мора да создава законска и друга инфраструктура за компаниите да се развиваат

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери присуствуваше на означувањето  почеток со работа на новата фабрика за стакло во тетовската технолошко индустриско развојна зона, по што оствари средба со бизнисмените во регионот.

Тетово, 8 јули 2020 (МИА) – Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери присуствуваше на означувањето  почеток со работа на новата фабрика за стакло во тетовската технолошко индустриско развојна зона, по што оствари средба со бизнисмените во регионот.

Тој истакна дека разговарале за развој на бизнисите и унапредување на условите.

– Ја искористивме приликата и да се сретнеме со одреден број на луѓе кои ги водат компаниите во регионот и поширико , да им ги изложиме нашите визии и да им ветиме дека ќе бидеме отворена порта за сите нивни проблеми и дека државата мора да создава законска и друга инфраструктура а компаниите да ја искористат таа можност и да ги развиваат своите капацитети, зошто тоа е заеднички интерес што повеќе компании, што повеќе вработувања и толку повеќе приходи во буџетот и помал број на невработени. Се разбира ги слушнавме и нивните забелешки и нивните проблеми кои се често пати сериозни и ги слушнавнме нивните предлози како да го подобриме амбиентот во земјата за да имам побрз развој и побрз излез од последиците кои ги наметнува пандемијата во економскиот сектор, истакна Насер Зибери.

На средбата учествуваа и министрите од ДУИ во Владата, задолжени за ресорите економија, животна средина и привлекување домашни инвестиции. ас/цр/

Back to top button
Close
Close