0_Спорт.ПорталФудбал

Жунињо: Нејмар е алчен како секој Бразилец, го интересираат само парите

Поранешниот фудбалер на Лион, а сега и спортскиот директор на клубот, Жунињо го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. Според него, алчноста во менталитетот на Бразилците дојде до израз и кај неговиот сонародник.

Париз, 8 јули 2020 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Лион, а сега и спортскиот директор на клубот, Жунињо го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. Според него, алчноста во менталитетот на Бразилците дојде до израз и кај неговиот сонародник.

– Во Бразил, ние сме научени да се грижиме само за парите, додека во Европа луѓето имаат поинаков менталитет. И јас бев научен да одам таму каде што плаќаат повеќе. Ова е бразилскиот начин. Нејмар потпиша договор со ПСЖ само заради пари. Парискиот клуб му даде сè што сакаше, а сега тој сака да си замине пред крајот на неговиот договор. Нејмар мора да даде сè што има на теренот, да покаже целосна посветеност и лидерство. Проблемот е во тоа што Бразил има култура на алчност. Тие секогаш сакаат повеќе пари, изјави Жунињо.

Нејмар во ПСЖ дојде во 2017 година за рекордни 222 милиона евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close