0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Живееме во катаклизмично време што може да заврши со светска војна

Се повеќе расте свеста дека овие тешки времиња за човештвото би можеле да траат најмалку десет години, пишува за „Раша тудеј“ Артјом Лукин, доцент за меѓународни односи на Далечниот источен универзитет во градот Владивосток. Чувството на неизвесност расте со години. Веројатно започна со глобалната финансиска криза во 2008-2009 година. Сепак, до 2020 година имаше надеж дека светот ќе се врати на прав пат и ќе воспостави стабилност. Ковид-19 ја однесе таа надеж, уништувајќи ја глобалната економија и вложувајќи ја постоечката тензија помеѓу владеачкиот хегемон (САД) и новата суперсила (Кина).

30 јули 2020

Раша тудеј

Додека влегуваме во втората половина од 2020 година, имаме малку надеж дека нашите катастрофи ќе завршат годинава. Можно е да влегуваме во еден од катаклизмичните и судбоносни периоди во историјата на човештвото.

Се повеќе расте свеста дека овие тешки времиња за човештвото би можеле да траат најмалку десет години, пишува за „Раша тудеј“ Артјом Лукин, доцент за меѓународни односи на Далечниот источен универзитет во градот Владивосток. Чувството на неизвесност расте со години. Веројатно започна со глобалната финансиска криза во 2008-2009 година. Сепак, до 2020 година имаше надеж дека светот ќе се врати на прав пат и ќе воспостави стабилност. Ковид-19 ја однесе таа надеж, уништувајќи ја глобалната економија и вложувајќи ја постоечката тензија помеѓу владеачкиот хегемон (САД) и новата суперсила (Кина).

Многумина се во страв. Во многу земји, вклучувајќи ја и Русија, вирусот се уште се шири, убивајќи луѓе со застрашувачка случајност. Дури и ако победиме во борбата против новиот коронавирус, мегатрендовите во глобалната политика што укажуваат на уште повеќе проблеми и немири нема да исчезнат, само ќе се засилат. Обидувајќи се да ги рационализира своите лични стравови, Лукин истакна дека како политички научник забележува најмалку четири мегатрендови.

Поделени друштва

Рускиот доцент истакна дека се сеќава на разговор со руска колешка во Владивосток пред неколку години. Таа се пожали дека чувствува како да живее во земја во која има неколку паралелни друштва, а не едно, а членовите на тие општества зборуваа сосема различни јазици и се залагаа за различни вредности. Се разбира, секогаш постоела поделба меѓу нациите. Но, како по правило, доминираше еден собир од вредности и верувања, а ривалските групи беа повеќе или помалку маргинализирани.

Денес, социјалниот консензус се чини дека е повеќе исклучок отколку правило. Ширум светот може да се забележат граѓански војни, што  често ги делат општествата на спротиставени половини. Главната поделба се создава меѓу логорите на социјален конзервативизам и нативизам и приврзаниците на прогресивно-либералните вредности. Последната манифестација на антагонизам се случи во Полска, каде на изборите со многу мало мнозинство сегашниот десничарски конзервативен претседател го победи либералниот ривал.

 Масовно востание

На 25 мај 2020 година Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен во Минеаполис од белец полицаец. Неговата смрт предизвика масовни протести што за брзо време се проширија низ САД. Во рускиот источен град Хабаровск, регионалниот гувернер Сергеј Фургал беше уапсен на 9 јули под обвинение за организирање на атентат врз деловни конкуренти во 2004 и 2005 година. Фургал веднаш беше префрлен во Москва и затворен.

Неговото апсење предизвика масовни протести во Хабаровск, заспан покраински град на граница со Кина, што траат веќе две недели. Десетици илјади луѓе кои се придружија на протестите за поддршка на Фургал, веруваат дека вистинската причина поради неговото апсење е убедливата победа против кандидатот на Кремљ на изборите за гувернер во 2018 година и неговите последователни одбивања да се предаде на диктатот во Москва, објаснува Лукин.

Протестите во Хабаровск околу судбината на популарниот локален лидер не се ни блиску  со размерите на расните протести во САД. И за разлика од САД, протестите во источна Русија засега се мирни. Тие имаат нешто заедничко, луѓето во САД, Русија и другите земји, им пркосат на големите ризици од Ковид-19 и излегуваат на улица во потрага по достоинство. Голем број од луѓето протестираат против, како што сметаа, структурната неправда и ароганција на властите. На крајот протестираат против отуѓеноста меѓу владеачката класа и обичниот народ, меѓу институциите на моќ и оние над кои се управува. Овој протест е дел од глобалниот бран на народни востанија што расте веќе една деценија, започнувајќи со „Арапската пролет“ и движењето „Окупирај“. Победата на Трамп во 2016 година, како и Брегзит, може да се смета и како дел од глобалното востание против сегашните елити.

Крај на хегемонијата и свет без кормило

Истовремено со превирањата во домашната политика во многу земји, меѓународниот систем, исто така, претрпува тектонски поместувања. Се распаѓа „Пакс Американа“ или „меѓународен либерален поредок“. Пред само неколку години се чинеше дека падот на глобалната хегемонија на САД можеше да се избегне. Денес нема многу луѓе надвор од владата на САД кои веруваат дека може да се спаси „Пакс Американа“. Дури и ако Џо Бајден го замени неконтролираниот Трамп во Белата куќа, деновите на американската превласт се одброени. Во денешниот меѓународен состав постои класична „револуционерна состојба“. Парафразирајќи го советскиот револуционерен лидер Владимир Ленин, Лукин за „Раша тудеј“ пишува дека Вашингтон не може да владее и да управува на стариот начин затоа што поголемиот дел од светот повеќе не сака да живее на стариот начин.

Пакс Американа за многумина можеби е нечесен и погрешен, но не може да се негира дека не обезбеди значително ниво на меѓународна стабилност. Кога ќе заврши хегемонијата во САД, кој тогаш ќе спроведува меѓунареден закон и ред? На тоа прашање засега нема одговор. Постоечките колективни институции како „Г5“ и „УН П5“, не се ни проближно способни да вршат глобален надзор. И покрај сомневањата во Вашингтон, нема веродостојни докази дека растечката суперсила во Кина навистина сака да биде светски полицаец. Но, едно е јасно. Вакумот за управување ќе доведе до уште поголем хаос во глобалната политика.

Предупредување за војна

Лукин пишува како уште во есента 2014 година навестил за можноста од Трета светска војна околу 2030 година, што би настанала поради конфликт меѓу САД и Кина. Шест години подоцна Лукин има две корекции на тој есеј. Прво, американско-кинеската војна не само што е возможна, туку е и речиси неизбежна. Второ, ситуацијата што и претходи на конфликтот на САД и Кина нема да наликува на светот во почетокот на 20-тиот век, пред Првата светска војна, со брзиот напредок што го нарекува овој период прва ера на глобализацијата. Наместо тоа, атмосферата во 2020-тите години ќе биде повеќе како во 1930-тите, кога глобалната економија беше во рецесија и се зголемуваа авторитарните и нетоталитарните режими. Сепак, најважното прашање е дали војната меѓу Кина и САД ќе биде релативно ограничена.

Ако не биде така, дали тоа може да доведе до глобален пожар и да привлеќе други играчи како Русија, Индија, Јапонија и Европа? Во историјата на човештвото, никогаш немало недостаток на конфликти околу вредностите и моќта, пишува Лукин, како во општествата така и меѓу нив. Но, сегашниот момент е доста уникатен заради приближување на неколку длабоки и експлозивни социјални противречности во еден момент, со закана од пандемија и климатските промени во позадина. Кина е можеби единствениот најголем остров на релативна стабилност во глобалното невреме, што пак ги засилува стравувањата дека Пекинг ќе се обиде да го зграби скелетот на глобалната моќ. Со текот на времето, тековните противречности и конфликти ќе се движат на свој начин и ќе се решат. Ќе се воспостави нов биланс. Сепак, се додека не се случи, ќе живееме во многу интересни периоди. Можеби возбудата, а не стравот и вознемиреноста, треба да бидат главното расположение на нашата ера, заклучува Артјом Лукин за „Раша тудеј“. ки/сд/

Back to top button
Close
Close