Дописници МКДОпштински вести

Жителите од месноста Чекоштина во Охрид незадоволни од односот на локалната власт кон нивните потреби

Сопствениците и корисници на недвижнини во охридската месност Чекоштина повторно изразуваат незадоволство од односот на локалната власт во Охрид, со нагласок дека иако ветени не се реализирани основните комунални проблеми на населбата.

Охрид, 13 септември 2020 (МИА) – Сопствениците и корисници на недвижнини во охридската месност Чекоштина повторно изразуваат незадоволство од односот на локалната власт во Охрид, со нагласок дека иако ветени не се реализирани основните комунални проблеми на населбата.

Тие вчера одржаа средба на која биле информирани во врска со разговорите што нивни членови ги оствариле со раководителот на општинскиот Сектор за урбанизам, а подоцна и со градоначалникот на Охрид.

Констатирано е дека не е реализирано ниту едно од нивните почетни барања, за кои велат дека се скромни како осветлување на потегот од Туристичка до мостот, воведување уличен систем и почеток на решавање на изградба на нов мост наместо „Алтанин мост“.

На средбата тие како најгорлив проблем го посочија недостигот на уредена патна мрежа низ населбата, со барање од Општина Охрид да ја одбележи трасата, со подготвеност дел од патната инфраструктурата да ја изградата со самофинансирање.

Претседателот на Здружението на граѓани „Чекоштина Урбан“ Иван Огненов посочува дека очекуваат од државата да ги исполни обврските кон нив, дека не очекуваат се да се реши одеднаш, но со забелешка дека мора да постои некаква комуникација и договор за решенијата кои непосредно ги засегаат жителите, сопствениците и корисниците на недвижен имот во месноста. аб/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close