Дописници МКДОпштински вести

Жителите на „Октомвриска револуција“ од Куманово да поднесат иницијатива за паркинг зона „Б“

Жителите на „Октомвриска револуција“ од Куманово обвинуваат за злоупотреба на паркинг просторот од други граѓани и бараат регулација на паркинг зоната на овој булевар. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека е донесена одлука од советот за формирање на „Б“ зона, но нагласи дека е потребна иницијатива од самите граѓани.

Куманово, 23 февруари 2021 (МИА) – Жителите на „Октомвриска револуција“ од Куманово обвинуваат за злоупотреба на паркинг просторот од други граѓани и бараат регулација на паркинг зоната на овој булевар. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека е донесена одлука од советот за формирање на „Б“ зона, но нагласи дека е потребна иницијатива од самите граѓани.

– Го знаеме овој проблем, има реакција од граѓаните. Потребно е 50 проценти од вкупниот број на жители од станбена зграда за да се воведе одреден начин на паркирање. Барањето треба да биде упатено до ЈП „Куманово-Паркинг“ и до општината и може да се стави во функција, рече Димитриевски, на последната седница на советот, одговарајќи на прашања на координаторот на СДСМ, Томица Илиќ кој праша, кога се планира да се донесе вакво сообраќајно решение.

И Димитриевски се согласува дека има узурпација на паркинг просторот кој наменски е направен за потребите на жителите и на трговските единици сместени на булеварот.

– Соберете согласност, станбените домари нека достават до општината, претпријатието може да ја воведе утре услугата, но останува на граѓаните дали ќе се сложат-нагласи Димитриевски.

Граѓаните од „Октомвриска револуција“ почнаа да реагираат за узурпација и недостаток на паркинг простор по интензивно градење на станбени објекти и по поставувањето на столбови кои ја заштитија пешачката и велосипедската патека.

Паркинг зона „Б“ функционира само кај противпожарната единица и нуди 30 паркинг места по цена од 25 денари со вклучен ДДВ за два часа паркирање. ам/мс/

Back to top button
Close
Close