0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вестиСкопје

Жителите на Ново Маало собираат потписи за петиција која в понеделник ќе ја достават до надлежните институции

Жителите на населбата Ново Маало во Центар собираат потписи за петиција која во понеделник ќе ја достават до сите надлежни институции. 

Скопје, 17 април 2021 (МИА) – Жителите на населбата Ново Маало во Центар собираат потписи за петиција која во понеделник ќе ја достават до сите надлежни институции.

– Ние жителите на Ново Маало целосно сме разочарани од нашите сограѓани, нашите комшии кои живеат во Градски Sид кои поднеле иницијатива за стопирање на градбата спроти „Холидеј Ин“. Тие директно сакаат да не спречат ние да го решиме нашиот долгогодишен проблем. Бараме итно да се повлечат од таа иницијатива и да покажат хуманост и доблест, се вели во соопштението од жителите на Ново Маало.

Велат дека е крајно несовесно да покренуваат постапки со кои не можат да си го реализираат нивното загарантирано право.

– Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин. Овој нивни гест на себичност е за секоја осуда. Нивното право на ниеден начин не се нарушува, но нашето да. Тие на ниеден начин нема да бидат оштетени, но ние да, посочуваат во соопштението.

Додаваат дека оваа битка ќе ја продолжат до крај со сите можни средства. мс/ац/

 

Таг
Back to top button
Close
Close