Општински вестиСкопје

Жителите на Ново Маало најавуваат тужби доколку Општината го стави ДУП-от за просторот спроти „Холидеј ин“ под суспензија

Жителите на скопската населба Ново Маало денеска ќе поднесат петиција до Владата и до Општина Центар која се состои од 350 потписи. Во изјава за медиумите денеска го повикаа градоначалникот на Општина Центар да издаде дозвола за почеток на градба за зградите спроти „Холидеј ин“, во спротивно најавија тужби, доколку Општината го стави Деталниот урбанистички план под суспензија. 

Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Жителите на скопската населба Ново Маало денеска ќе поднесат петиција до Владата и до Општина Центар која се состои од 350 потписи. Во изјава за медиумите денеска го повикаа градоначалникот на Општина Центар да издаде дозвола за почеток на градба за зградите спроти „Холидеј ин“, во спротивно најавија тужби, доколку Општината го стави Деталниот урбанистички план под суспензија. 

– Слушаме гласини се шират, имал некој контра петиција. Сите тие луѓе кои беа против, денеска и вчера ни се јавуваат и сакаат да потпишат во наша корист. Ние како жители на тоа маало знаете во кои услови живееме и ова ни е единствена шанса да го обезбедиме нашиот начин на живот после 100 години лажење, манипулации од Општината, од институциите кои 100 години не држат во лавиринт, рече Игор Стојанов, жител на Ново Маало. 
Го повика градоначалникот на Општина Центар веднаш да издаде дозвола за почеток на градба.
– Да не помислуваат градоначалникот и институциите да направат суспензија на планот, тогаш ние ќе ги преземеме сите мерки што треба да се преземат од наша страна, на цивилизиран, пристоен начин, со огромни тужби, со штети кои треба да ги плаќаат сите граѓани на Република Македонија, рече Стојанов.
Посочи дека се во преговори со инвеститорот да бидат обесштетени.
– Ние разговараме и преговараме со инвеститорот, значи ние ќе бидеме обештетени. Некои сопственици ќе бидат обесштетени во оваа градба што ќе почне, следните ќе бидат во друга градба, следни во третата. Тоа е јасно и прецизно. Ова ни е единствена шанса да го решиме овој проблем кој толку веме се одолговлекува. Луѓето што таму живеат не се изиграни од инвеститорот. Ќе бидат обесштетени до последен, нагласи Стојанов. мс/са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close