Дописници МКДОпштински вести

Жителите на делчевски Расадник кршеа лепче со паричка покрај Бадниковиот оган

Жителите на делчевската населба Расадник синоќа ја продолжија традицијата на кршење лепче со паричка покрај Бадниковиот оган. Како што истакна Александар Николовски, иселеник од Расадник, оваа традиција жителите на делчевската населба ја организираат осма година по ред.

Делчево, 6 јануари 2020 (МИА) – Жителите на делчевската населба Расадник синоќа ја продолжија традицијата на кршење лепче со паричка покрај Бадниковиот оган. Како што истакна Александар Николовски, иселеник од Расадник, оваа традиција жителите на делчевската населба ја организираат осма година по ред.

– Да се заблагодарам на сите кои се дел од оваа наша традиција која осма година по ред ја правиме, а воедно ја користиме приликата да ги честитаме празниците на сите граѓани. Оваа година решивме ова наше собирање да биде малку поорганизирано со палење Бадников оган. Имаме предвидено и кршење на лепче со паричка, со што ќе го избереме кумот за наредната година, на кој со наша помош ќе му ја доделиме организацијата на овој настан за наредната година, рече Николовски.

Николовски додава дека тоа што повеќето од Расадник се иселени во странство, ги натерало да се собираат секоја година на овој ден.

– Како што сите знаат имаме масовно иселување и тоа ни е најголема мотивација, да ја надоврземе традицијата, младите да се собираат помасовно. Овде има околу 50 иселени куќу од нив најмногу по Италија, Австрија, Швајцарија , Италија, Германија и други земји. Оваа година имаме 35 пријавени, но од година во година се зголемува бројот на учесници, додава Николовски.

Паричката од Бадниковото лепче годинава му падна на иселеникот Сашко Арсов.

-Им посакувам на сите православни христијани, среќни празници, се најубаво, здравје среќа, љубов, успеси и се најубаво во Новата година, рече Арсов.

Расадничани организираа и мини огномет, а настанот продолжи со општо народна веселба. Бадникови огнови во Делчевско се палеа уште во неколк унаселби како и во селото Бигла. вс/цр/

Back to top button
Close
Close