Некатегоризирано

Жители од улица од кумановска населба на протест побара решение за приватизирана улица, Општината најави инфраструктурен проект

Жителите на улицата „172“ од кумановската населба „Карпош“ денеска побараа решение од надлежните општински служби за нивниот долгогодишен проблем со приватизирана улица на која живеат околу 50-тина семејства. Тие бараат градот да им понуди друг пат за да можат да се поврзат со главните улици од оваа населба.

Куманово, 2 декември 2019 (МИА)Жителите на улицата „172“  од кумановската населба „Карпош“ денеска побараа решение од надлежните општински служби за нивниот долгогодишен проблем со приватизирана улица на која живеат околу 50-тина семејства. Тие бараат градот да им понуди друг пат за да можат да се поврзат со главните улици од оваа населба.

 На мирниот протест пред општинската зграда во Куманово жителите  кажаа дека првите куќи биле изградени 1978 година, а во изминатава деценија приватно лице преку процесот на денационализација си го вратил имотот, така што на улицата ниту е асфалтирана, ниту може да се користи за какви било потреби за секојдневното живеење.

– Во стар план од 1978 година имавме улица, од 2008-та година кога првпат побаравме улицата да биде асфалтирана тие ја приватизираа, односно еден дел од улицата. Сега пред две и пол години е приватизиран и вториот дел од улицата, во должина од 30 метри, седум метри ширина, по должина на улицата, сопственикот кој го приватизираше, стави труп. Сега бараме лично од општината бидејќи таа ни продаде, таа и да ни го реши проблемот Основното човеково право ни е прекршено, немаме право на слободно движење, нема право на медицинска нега, немаме никакво право, изјави Христина Колев, жителка на улицата.

Поради овој проблем на улицата не може да влезат екипите на Итна помош, противпожарната единица, децата секојдневно газат кал и вирови од блато кон училиштето, велат жителите. Тие  додаваат дека претходно во неколку наврати разговарале со надлежните општински служби од каде им велеле дека проблемот ќе се санира, праќале барања и до градоначалникот и до советот на општината пред утврдување на буџетот, но истакнаа дека им било ветувано решение пред избори.

Горан Стојчевски, инаку раселено лице од Матејче, а сега жител на оваа улица побара брзо решение на проблемот, бидејќи вели, платиле данок на имот. Тој кажа дека кога ја купил куќата имало пат, но дека последниве единаесет години првично била приватизиран дел од улицата, потоа уште еден поголем дел.

По мирниот протест,  дел од жителите остварија средба со надлежните општински служби секретарот на Општина Куманово, претставници од секторите за комунални работи, инфраструктура и заштита на животната средина и природата,  урбанизам,  правни работи, имотно-правни и општи работи, во однос на проблемот со пристапност на улицата.

-На средбата, жителите беа известени дека во програмата за уредување градежно земјиште за 2020 година, предвидена е изработка на инфраструктурен проект за споменатата улица. По добивање на одобрение за инфраструктура, ќе се пристапи кон експропријација, а по завршувањето на истата, следува конкретна реализација на улицата, доколку има обезбедени средства во Буџетот на Општина Куманово, се вели во соопштението од општина Куманово.ам/скс/

Back to top button
Close
Close