Дописници МКДОпштински вести

Жители на Тработивиште реагираат за фрлањето отпад во река Желевица

Жители на делчевското село Тработивиште реагираат за масовната појава на фрлање отпад во река Желевица. Меѓу револтираните се и поранешни жители на селото кои периодично го посетуваат родниот крај, но, како што велат, се згрозени од непријатната глетка предизвикана од  несовесни жители од селото.

Делчево, 13 јуни 2021 (МИА) – Жители на делчевското село Тработивиште реагираат за масовната појава на фрлање отпад во река Желевица. Меѓу револтираните се и поранешни жители на селото кои периодично го посетуваат родниот крај, но, како што велат, се згрозени од непријатната глетка предизвикана од  несовесни жители од селото.

– Како граѓанин од село Тработивиште, иако сум само за време на одмор во моето родно место, разочаран сум од дејствувањето на моите сограѓани. Лошата слика е забележлива долж коритото на реката, за што сведочат и големиот број фотографии од загадената река Желевица, вели Глигорчо Калајџиски.
Според Калајџиски, ваквата состојба може да се превенира со поставување поголем број канти за отпадоци, но и казни за сторителите.
-Според мене, има две работи што може да се направат – прво да се постават контејнери кои се во исправна состојба и да се врши контрола и по потреба и делење парични казни, додава Калајџиски.
Освен во село Тработивиште, загрижувачка е состојбата и кај месноста Попов Мост. На оваа локација, иако во повеќе наврати се реализирани акции за чистење, продолжува  фрлањето отпад, а граѓани кои имаат имот во близина, често реагираат за поголем инспекциски надзор и казни за сторителите. вс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close