Дописници МКДОпштествоХроникаХроника.Портал

Жител на липковското село Брест физички нападнал полициски службеник

Кумановската полиција уапси 66 годишен жител на липковското село Брест, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, соопшти денеска полицијата.

Куманово, 30 јули 2021 (МИА) – Кумановската полиција вчера уапсила 66 годишен жител на липковското село Брест, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи,  информираа денеска од СВР Куманово.

-Вчера околу 18:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(66) од село Брест, општина Липково со живеалиште во Норвешка, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, наведува во соопштение СВР Куманово.

А.И. бил приведен во СВР Куманово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ам/лв/

Back to top button
Close
Close