Дописници МКДОпштински вести

Жител на Лагадин обвинува за издадена нелегална дозвола за градење, Општина Охрид тврди дека се испочитувани сите законски процедури

Сопственик на куќа во охридската населба Лагадин преку медиумите обвинува дека Општина Охрид издава дозвола за градење спротивно на позитивната законска регулатива и мерките придевидени со Планот за управување со светското природно и културно наследство на УНЕСКО.

Охрид, 9 септември 2020 (МИА) – Сопственик на куќа во охридската населба Лагадин преку медиумите обвинува дека Општина Охрид издава дозвола за градење спротивно на позитивната законска регулатива и мерките придевидени со Планот за управување со светското природно и културно наследство на УНЕСКО.

Во писмото лиферувано до медиумите се наведува дека со одобрение за градба издадено на 2 јуни оваа година на инвеститор му се дозволува да ја урне неговата половина од објект во Лагадин и на тоа место да изгради нов. Според сопственикот на другата идеална половина од објектот со тоа се нарушува стабилноста на неговиот дел, а истовремено се постапува спротивно на експертското мислење по предметот издадено од Градежниот факултет во Скопје. Истовремено се посочува дека во истиот предмет се кршат не само сопственичките права туку и се врши кривично дело, спротивно на Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Општина Охрид во реакцијата по предметот посочува дека барањето за издавање одобрение за градење на инвеститорот за изградба на објект на предметната локација во Лагадин датира уште од 2016 година, како и оти за предметната управна постапка се посочува дека сè уште е во тек, односно дека за неа нема правосилен управен акт.

По однос забелешките дека предметот е спротивен на Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион, се посочува дека е од период што не е опфатен со Планот, односно датира од пред негово донесување.

Истовремено од Општина Охрид нагласуваат дека инвеститорот ја има сета потребна документација неопходна за постапката за издавање одобрение за градење, односно дека поседува елаборат за техничко решение за рушење дел од објект и заштита и стабилност на преостанатиот дел од објектот, како и Градежен проект за заштита на градежна јама. аб/aa/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close