0_Спорт.ПорталФудбал

Жиру: Се најдов помеѓу два пожари, но сега ќе дадам сè за Челзи

Напаѓачот дури и постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд откако ситуацијата беше прегледана со ВАР.

Лондон, 18 феверуари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру зборуваше за неговите тешки последни месеци на „Стемфорд Бриџ“.
Французинот постојано се залагаше за трансфер и дури се сметаше за сигурно неговото заминување за Италија – во Лацио или Интер.

Но, вчера Жиру повторно се појави за Челзи во поразот дома од 0:2 против Манчестер Јунајтед.

Напаѓачот дури и постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд откако ситуацијата беше прегледана со ВАР.

„Заминав, од средината на декември до крајот на јануари, се најдов помеѓу два пожари. Од 1 февруари се вратив 100% за Челзи. Ќе дадам сè за овој дрес до јуни. Убаво беше да се игра и повторно да се помириса на тревата. Сега сакам да играм што е можно повеќе за да се обидам да добијам повик за Европско првенство, рече Жиру.

Таг
Back to top button
Close
Close