0_Спорт.ПорталФудбал

Жиру играч на неделата во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру е прогласен за најдобар фудбалер на 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Нион, 4 декември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру е прогласен за најдобар фудбалер на 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Французинот постигна четири гола на мечот против Севиља (4:0).

Покрај Жиру, за признанието најдобар на колото во ЛШ конкурираа и: играчот за врска на Башакшехир – Ирфан Кавеџи, фудбалерот на Салцбург – Мергим Бериша и членот на Интер – Ромелу Лукаку. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close