Фудбал

ЖФК ,,Каменица Саса” ја забележа четвртата победа во низа во Првата женска фудбалска лига

Стрелци на головите за домашната екипа беа Рабија Дервиши која постигна 3 погодоци, ист учинок имаше и голгетерката Ана Димитровска, додека Марјана Нацева Ману постигна 2 гола.

Делчево, 6 септември 2020 (МИА) – Со убедливи 8:0 шампионот во женски фудбал ЖФК ,,Каменица Саса” ја забележа четвртатата победа во низа во рамки на 4. коло од Првата женска фудбалска лига.

-Нова победа на нашите девојки. Одличен натпревар, нови три бода и четврта победа во низа. Радосни сме за овој резултат. На гостинската екипа им посакуваме многу успеси во иднина, истакнаа од ЖФК Каменица Саса.

Стрелци на головите за домашната екипа беа Рабија Дервиши која постигна 3 погодоци, ист учинок имаше и голгетерката Ана Димитровска, додека Марјана Нацева Ману постигна 2 гола.

Со новата победа каменичанки се зацврстија на лидерското место на табелата во Првата женска фудбалска лига на Македонија. в.с/

Таг
Back to top button
Close
Close