0_Спорт.ПорталФудбал

Жесус: Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид

Тој исто така изрази радост за неговиот гол на натпреварот.

Мадрид, 28 февруари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, покажа почит кон Реал Мадрид и не ги отпиша во судирот меѓу двата тима во Лигата на шампионите, и покрај победата од 2:1 на „граѓаните“ на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој исто така изрази радост за неговиот гол на натпреварот.

– Јас сум многу среќен, мојот гол во средата беше еден од најважните и најзначајните во мојата кариера. Беше многу тежок натпревар, сите ја знаеме големината и тежината на Реал Мадрид. Затоа велам колку сум среќен и сигурно ќе ја паметам секогаш таа голема ноќ. Но, сега треба да се фокусираме на реваншот. Сè уште ништо не е решено, дури и резултатот. Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид. Тие имаат многу квалитети и мора да бидеме сконцентрирани. Сега сепак размислуваме за Лига Купот и потоа повторно ќе се вратиме во Лигата на шампионите, рече Жесус во интервју за А.С.

Таг
Back to top button
Close
Close