0_Македонија.ПорталПолитика

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Владата вчера го усвои Предлог законот за јавно обвинителство (ЈО) за кој е постигнат широк политички договор. Усвојувањето на овој закон ќе биде голем придонес за нашата европска интеграција и уште еден дополнителен аргумент за Европската Унија да донесе позитивна одлука поврзана со започнувањето на пристапните преговори со нашата земја, порача заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во воведното обраќање на конференција „Превентивни мерки и спроведување на законот: градење отпорност кон корупција во Југоисточна Европа“ што денеска беше организирана во Скопје во рамките на албанското Претседателство на ОБСЕ за 2020 година.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Владата вчера го усвои Предлог законот за јавно обвинителство (ЈО) за кој е постигнат широк политички договор. Усвојувањето на овој закон ќе биде голем придонес за нашата европска интеграција и уште еден дополнителен аргумент за Европската Унија да донесе позитивна одлука поврзана со започнувањето на пристапните преговори со нашата земја, порача заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во воведното обраќање на конференција „Превентивни мерки и спроведување на законот: градење отпорност кон корупција во Југоисточна Европа“ што денеска беше организирана во Скопје во рамките на албанското Претседателство на ОБСЕ за 2020 година.

-Особено важно за сите наши граѓани е што законот ги предвидува потребните услови за владеење на правото во нашата земја и креира атмосфера за враќање на довербата на јавноста во правната држава, рече Жерновски.

Тој изрази благодарност за долгогодишната плодна соработка со ОБСЕ и нејзината Мисија во Скопје, за вредната поддршка и помош понудена со цел да им помогне на националните напори за зајакнување на меѓуетничките односи, владеење на правото, судството, изборното законодавство, полициските реформи и процесот на децентрализација.

-Ова е важно не само за процесот на интеграција во ЕУ, туку пред сè и за граѓаните на нашата земја, нејзината стабилност и просперитет, истакна Жерновски.

Зборувајќи на темата и осврнувајќи се на национални напори за спречување и борба против корупцијата, нагласи дека оваа Влада вложи многу напори за враќање на владеењето на правото, враќање на демократијата преку подобрување на човековите права, борба против дискриминација, подобрување на социјалната кохезија, создавање подобри услови за слободно изразување и слободен печат, преку проширување на просторот за граѓанското општество и повторно воспоставување демократска контрола врз безбедносните служби. вј/дма/

 

Back to top button
Close
Close