0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политика

Жерновски: Избори како што и доликуваат на земја-членка на НАТО

За глобалната состојба на демократијата во време на светската пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19 се разговараше на конференцијата посветена на 20 годишнината од потпишување на Варшавската декларација на меѓународната организација Заедница на демократии, на која учествуваше  заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – За глобалната состојба на демократијата во време на светската пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19 се разговараше на конференцијата посветена на 20 годишнината од потпишување на Варшавската декларација на меѓународната организација Заедница на демократии, на која учествуваше  заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека овој настан е прва прилика каде Република Северна Македонија  учествуваше како полноправна членка на Управниот одбор на Заедницата на организација, по пристапувањето на 25 ноември 2019 година.

На настанот учествуваа и се обратија повеќе министри за надворешни работи, меѓу кои министрите за надворешни работи на Полска, Норвешка, Романија, Грузија, како и други високи претставници на земјите членки, меѓу кои и потпретседателката на ЕК, Вера Јурова, заменикот државен секретар на САД, Стефан Биеган, поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.

Во своето обраќање, Жерновски се осврнал на значењето на Варшавската декларација дваесет години подоцна, особено од аспект на актуелната здравствена криза.

– Република Северна Македонија, направи значајни чекори што ја вратија на демократскиот курс и што доведоа до забрзување на процесот на евро-атланска интеграција на земјата. Ние ги презедовме сите потребни мерки и активности и во време на вонредна состојба за почитување на човековите права и демократијата со инклузивен пристап кон сите општествени категории. Парламентарните избори, кои ќе се одржат на 15 јули оваа година, ќе бидат во согласност со сите здравствени протоколи, ќе доведат до формирање на политичка влада со целосен мандат и функционални институции, кои ќе го продолжат демократскиот и реформски курс на земјата, истакнал Жерновски.

На конференцијата е усвоена и заедничка изјава на сите учеснички, за значењето на Варшавската декларација и потребата од преиспитување на постојните демократски практики и почитувањето на човековите права во вонредни услови.фф/са/

Back to top button
Close
Close