0_Македонија.ПорталПолитика

Жерновски ја посети штипската компанија „Семак Фешн“

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, пред одржувањето на редовната 4-та седница на Владата во Штип, а во рамки на теренските настани, ја посети компанијата за текстилна индустрија „Семак Фешн".

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, пред одржувањето на редовната 4-та седница на Владата во Штип, ја посети компанијата за текстилна индустрија „Семак Фешн”.

За време на посетата на „Семак Фешн”, заменик министерот Жерновски истакнал дека за две години во Северна Македонија се инвестирале 741 милиони евра директни странски унвестиции.

– Причините за овој позитивен тренд се јасни- надминувањето на политичката криза, решавањето на сите наши билатерални спорови со соседите и откочувањето на евро-атлантските интеграции. Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО, ќе донесе уште повеќе странски инвестиции, изјавил Жерновски.

Тој посочил дека денеска на Северна Македонија се гледа како на безбедна и заштитена земја, со Влада која стимулира нови бизниси и инвестиции.

„Семак Фешн” е еден од најголемите производители на женски кошули во Германија, а облеката се испорачува во 2000 продавници-бутици низ Европа и светот. Годишно произведуваат 650.000 кошули, кои се доставуваат до над 2.000 продавници низ светот.

Оваа фирма е основана од германска компанија која 20 години работи во земјава. Во самиот погон има 300 вработени, но вкупниот број на ангажирани лица кои учествуваат во целокупниот процес изнесува 1000 вработени.

Како резултат на добрите услови за водење бизнис, Реублика Северна Македонија е рангирана на 10-то место во категоријата ‘ease of doing business’ во извештајот од Светска банка за 2019 година (Doing Business Report 2019). Како за споредба со земјите членки на ЕУ, Чешка се наоѓа на 35-тото, Словенија на 40-тото место, Хрвтска на 58-тото и Бугарија на 59-тото место. цр/са/

 

Back to top button
Close
Close