Svet.SlajderСветСвет.Портал

 Женски марш со критики за Трамп и барања на поголеми права

Учесниците на вчерашниот четври  по ред Женски марш на улиците на Вашингтон и другите градови ширум САД ја критикуваа политиката на американскиот претседател Доналд Трамп , залагајќи се за еднаквост на половите и за поголеми права на жените

Вашингтон, 19 јануари 2020 (МИА) – Учесниците на вчерашниот четври  по ред Женски марш на улиците на Вашингтон и другите градови ширум САД ја критикуваа политиката на американскиот претседател Доналд Трамп , залагајќи се за еднаквост на половите и за поголеми права на жените.

Учесниците изразија и поддршка за реформи во имиграциската сфера, во здравството, а укажаа и на значењето на заштита на животната средина. Тие побараа и поголеми права на ЛГБТ заедницата, еднаквост помеѓу расите и слобода на вероисповедта.

Заштитен знак на Женскиот марш се плетените виолетови капи.

Женскиот марш првпат се одржа во 2017 година, кога Трамп ја презеде должноста претседател. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close