0_Магазин.ПорталДизајн

Жени од Словенија се обидуваат да го соборат Гинисовиот рекорд во плетење

Анита Кац и Јадранка Смиљич од Словењ Градец во северна Словенија, имаат намера да го урнат досегашниот светски рекорд во непрекинато плетење што изнесува 24 часа. Нивната цел се 30 часа и да употребат најмалку осум килограми волна.

Љубљана, 6 февруари 2020 (МИА) – Две Словенки денеска го почнале својот маратон во плетење, со што сакаат да се впишат во Гинисовата книга на рекорди.

Анита Кац и Јадранка Смиљич од Словењ Градец во северна Словенија, имаат намера да го урнат досегашниот светски рекорд во непрекинато плетење што изнесува 24 часа. Нивната цел се 30 часа и да употребат најмалку осум килограми волна.

Вештите жени најавија дека ќе плетат облека за деца, но и општинскиот грб на Словењ Градец.

Според прописите Гинис, натпреварувачките имаат право на секој час плетење имаат право на пет минути пауза, а натпреварувањето се снима и сè тоа го следи екипа од триесетина луѓе. си/

Таг
Back to top button
Close
Close