0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Жената наречена импичмент

Ричард Никсон го надмудри Сенатот поднесувајќи оставка пред гласањето, Бил Клинтон беше спасен од сенаторите. Што туку почнуваат тешките денови за Доналд Трамп

20 јануари 2020

РТС – Белград

Ричард Никсон го надмудри Сенатот поднесувајќи оставка пред гласањето, Бил Клинтон беше спасен од сенаторите. Што туку почнуваат тешките денови за Доналд Трамп.

Во сите три импичмента била вклучена една жена – Зои Лофгрен и таа е единствената личност од американската политика која активно учествувала во трите процеси за отповикување на претседателите, пишува Раде Мароевиќ за РТС.

Поминаа 46 години откако Претставничкиот дом на aмериканскиот Конгрес го почна процесот за отповикување на тогашниот претседател Ричард Никсон, Зои Лофгрен има можност, иако од трет обид да му „дојде до главата“ на американски претседател.

Отпочнувањето на судењато пред Сенатот е прашање на денот, а тимот демократи, кои го почнаа процесот за импичмент за Доналд Трамп, ќе го предводи Лофгрен, која како студентка на правни науки во 1974 година, му помагала на Комитетот за правосудство во дефинирањето на обвиненијата против Никсон.

Кариерата на Никсон, во суштина, заврши кога Марк Фелт им кажа на новинарите на „Вашингтон пост“ и „Боб Бернштајн“ за аферата што наскоро ќе се нарече „Вотергејт“, но процесот на отповикување никогаш не заврши, бидејќи американскиот претседател поднесе оставка, не сакајќи да се соочиме со Конгрес.

Четврт век подоцна, Лофгрен беше дел од Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом кој ги одобри документите за постапката за отповикување на Вилијам Џеферсон Клинтон.

Републиканците процесот за отповикување на Клинтон го почнаа, бидејќи се покажа дека тогашниот претседател на САД лажел за приправничката во Белата куќа, Пол Џонс. Клинтон исто така лажеше и за односот со Моника Левински.

– Во случајот на Клинтон немаше сериозно кривично дело или прекршок. Лажењето за сексуалниот живот не претставува кршење на уставниот поредок, ниту закана за националната безбедност, рече Зои Лофгрен за Ен-Би-Си.

Според неа, злоупотребата на службената должност на Никсон се гледа во обидот да се искористат владините служби за прикривање на упадот во хотелот Вотергејт.

– Но, барем не вклучи други држави. Основачите на САД беа загрижени поради можното мешање на другите држави во нашиот политички систем, рече Зои Лофгрен.

Однесувањето на Никсон не спаѓа во оваа категорија, па затоа случајот на Трамп е многу посериозен, смета Лофгрен.

Демократите повикуваат дека отповикувањето на Трамп се заснова на тврдења дека тој, преку неговиот адвокат и поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, се обидел да ја условува американската помош за Украина со покренување истрага за синот на можниот кандидат на демократите на претседателските избори во САД, Џозеф Бајден.

Обидот на Трамп да изврши притисок врз Украинците го потврдија повеќе високи американски официјални претставници, што ги натера демократите да веруваат дека сенаторите, без оглед на партиската припадност, нема да можат да ги игнорираат аргументите и дека на крајот Трамп ќе биде исфрлен од Белата куќа.

Републиканците, во исто време, најдоа сведоци кои го тврдат спротивното, изјавувајќи дека настаните пријавени од приврзаниците на отповикувањето не се случиле на начин што може да ја загрози позицијата на Трамп.

– Процесот на отповикување не е покренат затоа што претседателот лажеше за неговиот сексуален живот. Неговиот поранешен адвокат е во затвор бидејќи лажеше за активностите на претседателот, изјави Лофгрен, алудирајќи на случајот на Мајкл Коен, кој заврши во затвор, бидејќи лажеше за исплати на жените, кои тврдеа дека биле во врска со Трамп. Претседателот на САД ги демантираше обвинувањата.

– Би било погрешно да го гониме претседателот, бидејќи тој ги прикриваше аферите и ние не би го сториле тоа, истакна Лофгрен, тврдејќи дека за Америка е лошо што претседателот прави работи спротивни на националните интереси.

– Ќе биде убаво да се појави некое безопасно објаснување, иако тешко можам да замислам како би звучело тоа објаснување, рече Зои Лофгрен.

Искуството на Лофгрен е клучна препорака што ја натера претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и да ја избере во тим, кој ќе ги претстави обвиненијата против Трамп пред Сенатот. Во двата случаи на импичмент, во кои досега учествуваше Лофгрен, американските претседатели не беа отповикани од Конгрес. ез/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close