0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Жељко Бабиќ: РК Еурофарм Пелистер е ракометен проект со иднина

РК Еурофарм Пелистер за мене е голем предизвик бидејќи станува збор за ракометен проект со иднина, изјави хрватскиот ракометен стручњак Жељко Бабиќ по денешното потпишување на  договорот со клубот со што и официјално е избран за шеф на стручниот штаб на битолските ракометари.

Битола, 9 јануари 2020 (МИА)РК Еурофарм Пелистер за мене е голем предизвик бидејќи станува збор за ракометен проект со иднина, изјави хрватскиот ракометен стручњак Жељко Бабиќ по денешното потпишување на  договорот со клубот со што и официјално е избран за шеф на стручниот штаб на битолските ракометари.

Жељко Бабиќ на клупата на РК Еурофарм Работник ќе биде до јуни 2021 година.

-Сакам од овој клуб да има што повеќе македонски репрезентативци, да има силен младински погон и да бидеме подобри отколку што  во моментов сме. Ќе го промениме стилот и тактиката на играње, верувам дека успешно ќе ја минеме првата „ракометна пречка“, односно тимот на Нексе во елимнациите од СЕХА лигата и дека битолската публика ќе се радува на нови победи, рече меѓуругото Бабиќ на првата прес конференција во Битола. мт/сст/

Back to top button
Close
Close