СветСвет.Портал

Жао: Кина цврсто се противи на притисоците врз Хуавеј

Пекинг остро се спротивставува на американскиот притисок врз кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, реагирајќи на најавите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прошири санкциите против таа компанија.

Пекинг, 18 август 2020 (МИА) – Пекинг остро се спротивставува на американскиот притисок врз кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, реагирајќи на најавите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прошири санкциите против таа компанија.

Обраќајќи се на редовната прес-конференција, Жао ги повика САД да престанат да ги дискредитираат кинеските компании.

Жао истакна дека кинеската влада ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита на легитимните права на кинеските компании. ссм/

Back to top button
Close
Close