0_Магазин.ПорталСцена

Жан-Пол Готје најави повлекување

Францускиот моден креатор Жан-Пол Готје (67) најави дека ќе се повлече од светот на модата и оти  ревијата на висока мода во Париз идната недела ќе биде негова последна

Париз, 18 јануари 2020 (МИА) – Францускиот моден креатор Жан-Пол Готје (67) најави дека ќе се повлече од светот на модата и оти  ревијата на висока мода во Париз идната недела ќе биде негова последна.

– Оваа ревија слави 50 години од мојата кариера и воедно ќе биде моја последна, објави Готје на Твитер.

Тој наведе дека неговата модна куќа „Готје Париз“ ќе продолжи да работи.

Готје првата колекција ја претстави во 1976 година и долго важеше за креатор кој ги поместува границите во модата и ги поминува линиите помеѓу машката и женската гардероба. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close