Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Згрижено уште едно лице во Приштина поради сомнение за коронавирус

Пациент за кого има сомненија дека е заразен со коронавирус се наоѓа на Клиниката за заразни болести на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, потврди денеска косовскиот министер за здравство Арбен Витиа. 

Приштина, 24 февруари 2020 (МИА)  – Пациент за кого има сомненија дека е заразен со коронавирус се наоѓа на Клиниката за заразни болести на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, потврди денеска косовскиот министер за здравство Арбен Витиа.

Весникот „Лајме“ пренесува дека министерот наведе дека резултатите од тестирањето на пациентот ќе бидат познати за два часа.

Во саботата во Приштина кај уште еден пациент беше изразен сомнеж за присустово на вирусот, но резултатите беа негитивни. сд/

Back to top button
Close
Close