Дописници МКДОпштински вести

Зголеми се приходите во буџетот на Општина Струмица за изминатите три месеци во споредба со лани

Во првите три месеци од 2021 година вкупните приходи во буџетот на Општина Струмица од планираните 1.191.306.556 се реализирани 298.762.124 или 25 отсто, информираше градоначалникот на Струмица Коста Јаневски на денешната седница на Советот, на која се разгледуваше кварталниот извештај за извршување на буџетот.

Струмица, 2 јуни 2021 (МИА) – Во првите три месеци од 2021 година вкупните приходи во буџетот на Општина Струмица од планираните 1.191.306.556 се реализирани  298.762.124 или 25 отсто,  информираше градоначалникот на Струмица Коста Јаневски на денешната седница на Советот, на која се разгледуваше кварталниот извештај за извршување на буџетот.

Според него, оновниот буџет е реализиран со 121.417.039 или 27 отсто во однос на планираното, наменските дотации се реализирани во износ од скоро 147 милиони денари или 25 отсто од планираното, самофинансирачките активности се реализирани во износ од  4.055.414 или 11 проценти од планираното, кај донациите реализираниот износ е  2.145.625 или 5 отсто и во ставката кредити планираните 44.106.500 денари се реализирани во износ од 24.389.947, односно 38 отсто.

-Капиталните расходи се реализирани со 24 отсто во однос на планираните во буџетот за 2021 година. Лани, реализацијата на вкупните тековни расходи заклучно со 31 март 2020 година била 21 процент, а кај капиталните расходи реализацијата била девет отсто во однос на планираните за буџетот од минатата година, рече градоначалникот Јаневски.

Додаде дека лани процентот на реализација на приходите во првиот квартал од 2020 година бил 18 проценти на вкупните приходи во буџетот, а кај основниот буџет процентот на реализираните изворни приходи бил 13 проценти во однос со планираните приходи за 2020 година.

На денешната седница ченовите на Советот на општина Струмица усвоија и повеќе одлуки и извештаи од нивна надлежност, а донесоа и одлука за изменување и дополнување на буџетот за 2021 година. рт/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close