0_Македонија.ПорталОпштество

Зголемени водостоите на природните езера

Водостојот на Дојранското Езеро е зголемен за три сантиметри во однос на вечра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Водостојот на Дојранското Езеро е зголемен за три сантиметри во однос на вечра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, нивото на Дојранското Езеро е за 2,85 метри повисоко од просекот за април, додека водостоите на другите две природни езера се пониски од просекот за овој месец и тоа за четири сантиметри кај Охридското и за 96 сантиметри кај Преспанското Езеро.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава. Исклучок се Пчиња на мерното место кај Пелинце, каде нивото е поголемо за пет сантиметри, и Струмица кај Ново Село со повисок водостој од 25 сантиметри. Кај најголем дел од реките има благо зголемување на нивото во однос на вчера. вј/сп/

Back to top button
Close
Close