Дописници МКДОпштински вести

Зголемена субвенција на комунални услуги за кориници од ранливи категории

Општина Гевгелија и јавното претпријатие „Комуналец“ одлучија да ги зголемат субвенциите за комуналните услуги на граѓаните од ранливите категории од 500 на 650 денари на месечна основа, потврди денеска општинската служба за односи со јавноста.

Гевгелија, 23 јуни 2020 (МИА) – Општина Гевгелија и јавното претпријатие „Комуналец“ одлучија да ги зголемат субвенциите за комуналните услуги на граѓаните од ранливите категории од 500 на 650 денари на месечна основа, потврди денеска општинската служба за односи со јавноста.

Одлуката, велат од Општината, се однесува на категориите граѓани кои се корисници на право на гарантирана минимална парична помош и за корисници на социјална пензија на територијата на општина Гевгелија.

– Надоместокот за субвенција на основните комунални услуги ќе се исплаќа доколку корисникот ги исполнува условите според приложените документи и доколку редовно врши плаќање на месечните комунални сметки, рекоа од Општината и посочија дека во случај сметката да биде помала од висината на утврдената субвенција, ќе се исплаќа нејзиниот цел износ.

Барањата за субвенционирање на основните комунални услуги се поднесуваат во просториите на ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија,а средствата за субвенционирање на дел од комуналните сметки во износ од 650 денари,ќе се обезбедат од буџетот на Општина Гевгелија. им/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close