Дописници МКДОпштински вести

Зголемена потрошувачка на вода во каменичкиот регион

Екстремно високите температури придонесоа за зголемена потрошувачка на водата за пиење во каменичкиот регион. Поради ова од Јавното претпријатие ,,Камена Река" апелираа на рационално користење на водата за пиење од страна на граѓаните на Македонска Каменица и околните места.

Македонска Каменица, 28 јули 2021 (МИА) – Екстремно високите температури придонесоа за зголемена потрошувачка на водата за пиење во каменичкиот регион. Поради ова од Јавното претпријатие ,,Камена Река” апелираа на рационално користење на водата за пиење од страна на граѓаните на Македонска Каменица и околните места.
Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40°C, како и нашите податоци за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на Македонска Каменица за совесно и рационално користење и употреба на водата за пиење, истакнаа од ,,Камена Река”.
Оттаму прецизираа дека во моментот постоечките количини на вода се доволни за секојдневни потреби на граѓаните, но тоа според нив не значи дека истата треба да се злоупотребува.
 
-Значи апелираме водата да се користи за основни потреби и целосно да се избегнуваат горенаведените активности за време на топлите денови. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на градинарски насади, паркови, бавчи и ниви, додадоа од ЈП ,,Камена Река”.
 
Топлите денови деновиве предизвикаа зголемена потрошувачка на вода и во делчевскиот регион, поради што како што информираат граѓани во периодот по 18 часот од вода за пиење лишени се граѓаните од повисоките делови во населбата Милково Брдо. вс/ир

Back to top button
Close
Close