Дописници МКДОпштински вести

Зголемена побарувачката на раноградинарски култури на градскиот пазар во Делчево

Зголемена побарувачката на раноградинарски култури на градскиот пазар во Делчево. Меѓу најбараните производи, како што посочија производителите, денеска беа краставицата и  доматот кои се продаваа по пониски цени од вообичаеното.

Делчево, 15 мај 2021 (МИА) – Зголемена побарувачката на раноградинарски култури на градскиот пазар во Делчево. Меѓу најбараните производи, како што посочија производителите, денеска беа краставицата и  доматот кои се продаваа по пониски цени од вообичаеното.

-Денес раздвиженоста е поголема за разлика од претходните неколку саботи кога имавме релативно слаба побарувачка. Доматот и краставицата вообичаено предничат кога е во прашање побарувачката, но имаше интерес и за лукот, кромидот и останати производи карактеристични за овој период од годината. Задоволни сме од продаденото и се надеваме дека така ќе биде и во понатаму, велат пазарџиите.
За купувачите, најважно е што за разлика од изминатите празнични денови, цените на пазарот денеска беа задоволителни.
-Да бидам искрен кај нас ситуацијата е обратна, наместо за празници да имаме евтини цени, ние ниски цени имаме една до две недели потоа. Сепак секој мал попуст во однос за купувачите е добредојден, имајки ја предвид слабата куповна моќ на граѓаните, велат граѓани кои одбраа од широка палета на производи.
Пазарџиите во рамки на денешниот ден уште еднаш повторија дека колку поскоро се отворат границите со Република Бугарија, толку побрзо бугарските државјани ќе се вратат на пазарот и со тоа ќе влијаат на подобрување на кревката локална економија во Делчево.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close