0_Македонија.ПорталОпштество

Зголемен водостојот на реките и езерата

Водостојот на сите реки во земјава е зголемен во однос на вчерашниот, а најголемо, речиси двојно зголемување на нивото има реката Струмица на мерното место кај Ново Село.

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Водостојот на сите реки во земјава е зголемен во однос на вчерашниот, а најголемо, речиси двојно зголемување на нивото има реката Струмица на мерното место кај Ново Село.

И покрај тоа, според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на речиси сите реки се пониски од просекот за април.

За два санитметри е зголемено нивото и на Преспанското Езеро во однос на вчера, додека водостојот на Охридското и Дојранското Езеро пораснал за по еден сантиметар. Сепак, само Дојранското Езеро има повисок водостој од повеќегодишниот просек за април и тоа за 2,86 метри, а нивоата на Преспанското и Охридското Езеро се пониски за 94, односно за три сантиметри од просечните. вј/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close