0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Зголемен водостојот на реките, езерата приближно до просекот

Водостојот на реките утринава, во односн на просекот за август е зголемен двојно, а најголемо речиси тројно згломено е нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Велес. Под нивото од просекот забележано е намалување кај реките, Црн Дрим од 4 сантиметри, Струмица - 31 см., Лепенец - 8  см. и Крива река 6 сантиметри.

Скопје, 24 август 2020 (МИА) – Водостојот на реките утринава, во односн на просекот за август е зголемен двојно, а најголемо речиси тројно згломено е нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Велес. Под нивото од просекот забележано е намалување кај реките, Црн Дрим од 4 сантиметри, Струмица – 31 см., Лепенец – 8  см. и Крива река 6 сантиметри.

Од Управата за хидрометеоролошки работи очекуваат и утре нивото на реките да биде приближно на денешните мерења.

Нивото на Охридското езеро во однос на вчерашниот ден е непроменето и е во граници на просекот за август, Преспанското езеро е намалено за 2 сантиметри, а пак нивото на Дојранското езеро е зголемено за 3 сантиметри во однос на просекот за овој месец. бк/дма/

Back to top button
Close
Close