0_Македонија.ПорталОпштество

Зголемен водостојот на Охридското и Дојранското Езеро

Водостојот на Дојранското и Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, а нивото на Преспанското Езеро е непроменето во однос на вчерашниот ден, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Скопје, 12 декември 2019 (МИА) – Водостојот на Дојранското и Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, а нивото на Преспанското Езеро е непроменето во однос на вчерашниот ден, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кај Дојранското Езеро водостојот е за 2,74 метри повисок од вообичаениот за декември, додека кај останатие две природни езера е понизок од просечниот.

Повисок водостој од просечниот има и Вардар на мерните места Јегуновце, Скопје и Демир Капија, а во Велес е понзок. Кај останатите реки во земјава новото е пониско од повеќегодишниот просек за овој месец иако кај најголем дел од нив има благо зголемување во однос на вчера. вј/сп/

Back to top button
Close
Close